Пехчево започна постапка за донесување на ДУП за „Стара касарна“
Пехчево започна постапка за донесување на ДУП на „Стара касарна“, со што за овој дел од Пехчево, познат како стара индустриска зона ќе се отвори можност за нови градби и доградби на објекти согласно ГУП, рече градоначалникот на Пехчево Игор Поповски.
Според Поповски, на овој дел се стари објекти, како што е старата касарна и амбуланта кои се веќе продадени на инвеститори.
- Донесувањето на ДУП за старата индустриска зона е значајно, бидејќи отвораме можности за заживување на овој дел од Пехчево. Објектот старата амбуланта е купен од инвеститор Фагус Пехчево, кој овде ќе гради дом за стари лица, а ќе се создадат и услови за адаптација и проширување на објектот стара касарна, купена од истиот инвеститор, кој според сегашните најави, ќе се адаптира и догради во објект наменет за лесна индустрија, рече Поповски, додавајќи дека општината ќе ги направи сите предуслови за инвеститорите да можат да добијат дозвола за градба и како што е најавено, уште во текот на оваа година да започнат со градба.
Според најавите постапката за донесување на ДУП на стара касарна треба да заврши до крајот на јуни годинава.
Ново на Сител
-
Во Скопје и денеска воздухот опасен по здравје, владата најави решение за аерозагадувањето
-
Мицкоски: Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%
-
Македонците онлајн пазарат од македонски продавници, главно облека
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија