Пендаровски: Македонскиот јазик и нација се факт, никој нормален не би дебатирал за тоа

По завршувањето на конференцијата "30 години добро управување и антикорупциски реформи во Централна и Источна Европа" на новинарско прашање за ставот на претседателот Пендаровски за негирањето на македонскиот јазик од страна на бугарските академици, тој одговори дека македонскиот јазик и македонската нација се факт и дека никој нормален не би дебатирал и потпишувал договори со никој за тоа.
- „ Македонскиот јазик и македонската нација се факт, македонскиот јазик е елеменистички факт децении наназад и тоа е утврдено и на меѓународно. Мислам дека е безпредметно да разговараме за нешто што е гол факт, ноторен факт кој го знаат сите не само кај нас не само кај нив туку и во целиот свет. Паметите, во Преспанскиот договор постои една одредба која се повикува на конференција на Обединети нации, член на некоја конференција организирана овде кај нас во Скопје меѓу нас од 1979 година во која македонскиот јазик е нормиран како еден од јазиците во јужнословенската група и е меѓународно признаен. Да потсетам за помладите според Уставот на поранешна Југославија 1974 година таа држава имаше три јазици официјално, еден од тие јазици беше и македонскиот јазик тоа значи дека тогашна Југославија беше членка во обединети нации и во личната карта на секоја земја членка на тогашните Обединети нации стоеше уште од 1974 година и македонскиот јазик, значи тоа е апсолутно неспорна работа и јас стварно мислам дека би губеле време да се убедуваме дали нешто постои или не постои. Тоа постои исто како што македонската нација е факт и околу тоа никој нормален во нашава земја нема да дебатира ниту да потпишува договори со било кој“, изјави Пендаровски.
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
