Пензионерите на крајот од месецот ќе добијат околу 7 проценти покачување на пензиите
– Пензионерите на крајот од месецот ќе добијат околу седум проценти покачување, усогласување на пензиите соглансо новата методологија која ја донесовме во март 2022, односно усогласување 50 проценти од трошоците на живот и 50 проценти во однос на просечната плата, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во Штип одговарајќи на прашање.
Министерката информира дека некаде околу 36 илјади домаќинства се приматели на гарантирана минимална помош кои се вклучени во системот за социјална заштита.
– Системот од 2019 година во делот на намалување на сиромаштијата дава ефекти особено во пандемијата и економската криза со која се соочуваме е отворен систем којшто брзо ги вклучува сите оние коишто во одреден момент се нашле во ситуација да се материјално необезбедени. Постојат мерки и за семејства кои се со еден родител, како и за оние семејства каде имаме две, три или повеќе деца, детски и образовен додаток кои навистина вклучи многу поголем број семејства за разлика од претходниот систем кои ги ограничуваше семејставта да го примаат додатокот, рече Тренчевска.
Со новите мерки кои заедно со министерот за финансии и останатите министрите во Владата ги креираат во пресрет на зимата, како што додаде, очекуваат да ги згрижиме барем оние кои се најраливи во општеството.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
