-->
-->
Песков: Обвинувањата за руски хакерски напади е лов на вештерки
-->
Тврдењата дека Русија се обидела да влијае врз американските претседателски избори во корист на Доналд Трамп е лов на вештерки, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Неговата изјава е прва реакција на Москва на извештајот на американските специјални служби за руската хакерска операција за време на предизборната кампања.
Песков истакна дека извештајот не содржи никакви нови докази дека руски официјални лица се вмешани во хакерските напади.
Во минатонеделниот извештај на американските служби е посочено дека рускиот претседател Владимир Путин раководел со кибер кампањата, со цел да му помогне на Трамп.
- Уморни сме од такви обвиненија. Тоа навистина наликува на лов на вештерки, наведе Песков.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија пред полноќ ќе добие влада
-
Детектор: Македонија назадува во приближувањето кон ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пред полноќ ќе добие нова влада
-
Приватните превозници утре ќе возат само до 10 наутро
-
Заеднички служби го подготвуваат тендерот за набавка на нова компресорска станица
-
На Очна Клиника за прв пат операција во едно - и на катаракта и на глауком
-
Кога МЗ ќе го санира срушениот ѕид кај Детска клиника?