Свет
21. December 2016 - 17:14

Песков: Убиството на рускиот амбасадор е сериозен удар за Анкара

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави денеска дека убиството на рускиот амбасадор во Турција претставува сериозен удар за Анкара.

- Тоа секако е удар за угледот на оваа земја, бидејќи секоја држава има одговорност за безбедноста на дипломатските мисии на своја територија, како и на дипломатите, истакна Песков.

Тој оцени дека тоа што се случи било насочено и против турската држава и затоа претставува еден вид „нож во грбот на Турција“.

- Имено, нашите турски партнери се најмалку заинтересирана страна во ваквиот развој на настаните, нагласи портпаролот на Кремљ, потсетувајќи дека Русија и Турција спроведуваат големи проекти, посебно во изградба на гасоводот „Турски поток“ и нуклеарна централа.

Рускиот претседател Владимир Путин постхумно го одликуваше убиениот амбасадор Андреј Карлов со наградата „Херој на Русија“, воен медал од највисок ранг во Русија.