Планинарите од Крива Паланка се искачија на снежно Чупино Брдо

Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“ од Крива Паланка организираше акција за искачување на врвот Чупино Брдо висок 1725 метри.
- Триесетина планинари од различни возрасти имаа можност да уживаат во планинските пејзажи и убавините на Осоговските планини. Акцијата беше средно тешка, а сите учесници се дружеа и уживаа во неделното сонце на планина. Снегот не израдува, но во градовите не се задржа, за разлика од повисоките планинсkи места каде белината и снежната убавина се идилични и привлечни, особено за планинарите или вљубениците во рекреација во природа, а тоа беше причина да ја организираме оваа акција, изјави Теодор Јовановски од „Калин Камен“.
Согласно годишната програма на здружението до крајот на 2016 година останува уште една традиционална акција, искачување на Руен.
- Патеката е долга 18 километри, а стартот на акцијата е од градскиот плоштад во Крива Паланка, на 25 декември во 7 часот, од каде организирано се патува до рудник Тораница. Оттаму се искачува низ планината. Руен е највисок врв на Осоговските Планини со висина од 2.252 метри, а искачувањето во организација на нашето Здружение е по четврти пат, додаде Јовановски.
Тој упати отворена покана за учество на сите авантуристи, без оглед на возраст и пол.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
