Пленарната собраниска седница презакажана за 15 часот, комисиите не ја завршиле расправата по точките од дневниот ред
Собранието на Република Северна Македонија претпладнево требаше да ја продолжи 111. седница, но, претседателот Талат Џафери го одложи почетокот на продолжението за поладне поради тоа што собраниските комисии се уште не ја завршиле расправата по точките кои се останати на дневен ред на оваа седница. Џафери побара поголема одговорност од претседателите на комисиите и навреме да ги одржуваат седниците како што е предвидено со Деловникот.
– Минатата недела најавив дека продолжението на оваа седница ќе биде денеска во 12 часот поради тоа што тогаш комисиите не ги имаа завршено точките кои се на дневен ред, бидејќи претседателите на комисиите не се придржуваат на одредбите од Деловникот да завршат со точките од дневниот ред три дена пред одржување на пленарна закажана седница. Тие продолжуваат да не ги одржуваат седниците на комисиите во соодветно време и затоа доаѓаме до ситуација како денешнава, рече Џафери.
Тој појасни дека некои од комисиите се уште работат, а некои се уште не почнале да работат по точките од дневниот ред. Затоа, рече, ја прекинувам седницата и продолжението го закажувам во 15 часот.
Апелираше до претседателите на комисиите да завршат со седниците и за да може да се продолжи со работа по точките од пленарната седница во 15 часот и на ваков начин да не се попречува работата на Парламентот.
Ново на Сител
-
Македонија пред полноќ ќе добие влада
-
Детектор: Македонија назадува во приближувањето кон ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пред полноќ ќе добие нова влада
-
Приватните превозници утре ќе возат само до 10 наутро
-
Заеднички служби го подготвуваат тендерот за набавка на нова компресорска станица
-
На Очна Клиника за прв пат операција во едно - и на катаракта и на глауком
-
Кога МЗ ќе го санира срушениот ѕид кај Детска клиника?