-->
-->
По поразот од Пелистер, Захариевски повеќе не е тренер на ФК Вардар
-->
Срѓан Захариевски од денес не е шеф на стручниот штаб на ФК Вардар.
Информацијата претпладнево ја објавија „црвено-црните“ на својот профил на социјалната мрежа Икс.
-АД ФК Вардар и шефот на стручниот Срѓан Захариевски утрово спогодбено ја раскинаа соработката. АД ФК Вардар му благодари за несебичниот ангажман, максималниот вложен труд и голема желба за успех. За личности како Срѓан Захариевски вратите на АД ФК Вардар се секогаш отворени, стои во објавата на „црвено-црните“.
Захариевски беше третиот тренер на Вардар од почетокто на сезоната. Пред него тимот го предводеа Горазд Михаилов и Горан Петрески.
Вардар по 13 кола е последен во поредокот на Првата македонска фудбалска лига со само осум освоени бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата