Тенис
19. May 2016 - 16:52

Победа и пораз за Јотовски во Брчко

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски постигна победа и порез денеска на мечевите на фјучрсо во Брчко.

Во поединечна конкуренција по голема борба го победи Данил Калиниченко по околу  два часа и 30 минути игра. Во решавачкиот сет по 5:4 за противникот Јотовски освои три гема (еден брејк) и победи со 2-1 во сетови (6:2; 2:6 и 7:5). 
Утре во четвртфиналето нашиот тенисер ќе ја „брка“ првата победа против Србинот Дејан Катиќ. Катиќ без проблем денеска го победи третиот носител Нико Матиќ со 6-2 и 6-1. Јотовски има и еден пораз од Катиќ во финалето во Суботица во 2014 година.Сега тениерот од Србија се нааоѓа на 846 место и Јотовски има подобар ранг од него.
Во игра на двојки Јотовски со Дарко Јандриќ (трети носители) загубија со 2-0 од првите носители Лукас Мидлер и Давид Пихлер од Австрија.