-->
-->
Почина Блек, кантавторот на хитот од 80-те „Wonderful Life“
-->
Музичарот од Ливерпул, Колин Вернкомб (53), кој е познат под уметничкото име Блек, почина синоќа откако последните два дена ги мина во кома по тешката сообраќајна несреќа.
Блек ја загуби битката, наведено е на неговиот Фејсбук профил, при што се додадва дека крај неговата болничка постела цело време биле сопругата Камила и трите сина.
Несреќата се случи кога Блек возел од неговиот дом во Скул кон аеродромот во Единбург.
Блек се прослави во 80-тите години на минатиот век со хитовите „Wonderful Life“, „Sweetest Smile“ и „Everything's Coming Up Roses“. Тој издаде 15 албуми, објави книги со поезија и имаше неколку изложби на сопствени фотографии. Повеќе од десет години живееше и работеше во Ирска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ