Почина градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ
Почина градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ на 66-годишна возраст, јавуваат хрватските медиуми.
На Бандиќ му се слошило касно синоќа и со Брза помош бил превезен во болница, каде лекарите се обиделе да го реанимираат, но неуспешно. Веста ја потврдиле и од Град Загреб.
-Со длабока тага ги информираме сограѓаните и сограѓанките, соработниците, пријателите и цела јавност дека денеска, 28 февруари, на 66 години од последници на срцев удар почина градоначалникот на Град Загреб господин Милан Бандиќ. Живееше за својот град, за загрепчани и загрепчанки кои за се што работеше му беа на прво место, за работата која со љубов и енергија, внесувајќи се себеси, ја обавуваше 21 година. За деталите, за терминот на погреб, одржувањето на комеморацијаа, како и останатите информации поврзани со оваа тажна вест, јавноста ќе биде информирана дополнителнo. Нека почива во мир, соопштија од Град Загреб.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
