Македонија
4. November 2017 - 12:59

Почна Фестивалот на новиот германски филм во Велес

Во Народниот театар во Велес синоќа започна Фестивалот на новиот германски филм којшто се одржува по 13-ти пат во Скопје и уште десет македонски градови меѓу кои и Велес.

Одржувањето на фестивалот е потпомогнато од Германската амбасада во Скопје и „Прокредит банка“.

Фестивалот го отвори Катрин Фринсфелд, аташе за култура во Германската амбасада во Скопје, која истакна дека на фестивалот се прикажуваат најновите германски филмови снимени во последните две години. 

Фестивалот започна со проекција на филмот „ЧИК“ на режисерот Фатих Акин, снимен во 2016 година, а денеска во 11 часот ќе биде прикажан филмот за деца „Авантурата на Нели“, додека во 18 часот на репертоарот е филмот “Тони Ердман“ и од 20 часот  филмот „Херберт“.

Според програмата утре во 11 часот ќе биде прикажан филмот „На иста висина“,а во 20 часот  филмот „24 недели“.

Влезот за сите проекции е бесплатен.