Почна Фестивалот на новиот германски филм во Велес
Во Народниот театар во Велес синоќа започна Фестивалот на новиот германски филм којшто се одржува по 13-ти пат во Скопје и уште десет македонски градови меѓу кои и Велес.
Одржувањето на фестивалот е потпомогнато од Германската амбасада во Скопје и „Прокредит банка“.
Фестивалот го отвори Катрин Фринсфелд, аташе за култура во Германската амбасада во Скопје, која истакна дека на фестивалот се прикажуваат најновите германски филмови снимени во последните две години.
Фестивалот започна со проекција на филмот „ЧИК“ на режисерот Фатих Акин, снимен во 2016 година, а денеска во 11 часот ќе биде прикажан филмот за деца „Авантурата на Нели“, додека во 18 часот на репертоарот е филмот “Тони Ердман“ и од 20 часот филмот „Херберт“.
Според програмата утре во 11 часот ќе биде прикажан филмот „На иста висина“,а во 20 часот филмот „24 недели“.
Влезот за сите проекции е бесплатен.
Ново на Сител
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица
-
Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение
-
Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство
-
Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади
-
Две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места, најави Мицкоски