Почна М15 меѓународен тениски турнир во Скопје
На терените на тенискиот клуб Југ вчера почна интернационален M15 тениски сингл турнир за мажи со награден фонд од 15.000 долари.
Ова е вториот тениски турнир кој во краток период се одржува во Скопје, по M25 турнирот кој се одржа од 6 до 12 јуни.
Квалификациите за турнирот започнаа на 12 јуни и во нив земаа учество тенисери од различни земји. Во компетитивниот дел од турнирот, кој започнува утре (14.06), учествуваат 32 натпреварувачи.
– На ITF М15 турнирот во Скопје ќе бидат натпреварувачи од Бразил, Тунис, Шведска, Романија, Грузија, САД и многу други земји од светот. Домашната гордост ќе ја бранат добро познати тениски имиња, како Томислав Јотовски и Стефан Мицов кои учествуваат во квалификациониот дел од турнирот.
Овој M15 турнир е вториот од трите турнири кои ќе го одбележат „Тениското лето“ во Скопје. И покрај тоа што минатата недела беше врнежлива, M25 турнирот помина одлично, предизвика голем интерес и понуди многу квалитетни натпревари, соопштија од Тениската федерација на Северна Македонија.
За месец јули е закажан и женскиот турнир „Billie Jean King Cup“ за регион Европа и Африка, Група 3. На него ќе учествува и најдобрата македонска тенисерка на сите времиња, Лина Ѓорческа.
Ново на Сител
-
Трамп: Доаѓа златна доба за САД
-
Се подготвува нов Закон за судска служба
-
Фетаи: Јавната администрација е пренатрупана
-
Општина Охрид ќе награди пожарникари кои се бореа со пожарите
-
Прилеп конечно после години доби проект за нов театар
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер