Почнува фестивалот за класична гитара „Тремоло“

Од денеска до 27 март ќе се одржи интернационалниот фестивал за класична гитара „Тремоло во организација на Детскиот културен центар – „Карпош“ и Град Скопје.
По седми пат во Скопје и Македонија ќе се одржи и интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови.
Фестивалот се повеќе прераснува во културна манифестација која ги обединува љубителите на класичната гитара, учениците, педагозите не само од Скопје и Македонија туку и пошироко.
На Фестивалот како жири комисија, педагози и гости до сега биле и настапувале многу светски гитаристи и групи, како што се; Герхард Рајхембах од Германија, Квартет 'Leggero' од Хрватска, Бошко Радојковиќ, Срѓан Тошиќ и Зоран Крајишник од Србија, Дуо Чили, Дамјан Пејчиновски од Македонија.
Оваа година членови на жирито се светски прочуените гитаристи Антонио Фрушела од Италија, Штефан Шмит од Германија, Џевдет Сахатчија од Косово, Зоран Аниќ од Србија и Борче Наумовски и Миле Каровски од Македонија.
За победниците по категории се предвидени вредни награди, а главната награда, акустична гитара, рачно изработена во Германија од Armin& Mario GROOP ќе му припадне на најдобриот кој ќе се натпреварува во седмата категорија ( без возрасен лимит ) .
Утре и задутре ќе се одржат и два концерти во “Културно информативниот центар“-КИЦ –Салон 19/19 , а на 26 март, во–Концертна сала на ФМУ и на 27 март во Концертна сала на ДКЦ “Карпош“ настап на победниците на натпреварот.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
