Почнува летниот распуст за учениците
За учениците денеска е последниот училиштен ден и почнува летниот распуст. Учебната 2018/2019 година ја завршуваат околу 270 илјади средношколци и основци, меѓу кои и 20 000 првачиња.
На полуматурантите им претстои запишување во средните училишта. Првото пријавување во јунскиот уписен рок е на 17 и 18 јуни, а второто на 24 и 25 јуни. Според Конкурсот на Министерството за образование наука, за учебната 2019/2020 година слободни се вкупно 35 690 ученички места.
Матурантите, пак, треба да поминат уште две тестирања од државната матура овој месец пред да се запишат на факултет во август. Во вторник е полагањето на третиот екстерен испит (бизнис, историја, биологија, филозофија, хемија, физика, естетика или социологија), а на 13 јуни е тестот по математика.
Од септември се очекува и новиот закон за основното образование кој во нацрт-верзија деновиве е поставен на Електронскиот регистар на прописи (ener.gov.mk) за доставување сугестии и забелешк
Ново на Сител
-
Давал пари на заем и наплатувал несразмерна камата, уапсен лихвар во Битола
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9