Почнува Научната и уметничка визита во Куќата на Уранија-МАНУ
Научната и уметничка визита која се одржува во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид вечер ќе биде отворена со изложба на ракописи и епиграфски споменици. Изложбата е насловена „Македонска писменост: Од доаѓањето на св. Климент во Македонија до потпаѓањето на Самоиловото царство под византиска власт (886–1018)“. Автор е академик Ѓорги Поп-Атанасов и ќе може да се посети до 7 септември.
Манифестацијата ќе трае до 27 август до кога ќе има уште шест настани. За утре е најавено заедничко предавање на академиците Луан Старова и Васил С. Толе - „Полифонија и Полифонисти“, а се однесува на регистрацијата на изополифонијата на списокот на УНЕСКО на нематеријалното наследство и на романот „Полифонисти“.
Следната програмска содржина на Научната и уметничка визита 2018 е на 11 август кога ќе биде промовирана книгата „Лихнид и Десаретија“ од академик Вера Битракова Грозданова, а на 15 август ќе има оперски концерт на тенорот Влатко Груески во придружба на пијанистот Андреј Наунов.
На 19 август во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид ќе се одржи поетски портрет на академик Радован Павловски, на 24 август ќе има поетско читање во рамки на Струшките вечери на поезијата, а на последниот ден од манифестацијата (27 август) ќе биде промовиран зборникот „За и од Киро Глигоров“ по повод 25-годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите нации.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет
-
СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ
-
Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024
-
Анкета: Еден од тројца демократи смета дека Бајден треба да се повлече од претседателската трка
-
Ураган на Карибите, има почнати и исчезнати
-
УНРВА: Најмалку 250.000 лица ќе бидат принудени да го напуштат Кан Јунис
-
На Табановце утринава се чека околу 20 минути