Почнува уписот во средните училишта
Во јавните средни училишта во земјава денеска и утре ќе се спроведе првото пријавување и запишување ученици за учебната 2018/2019 година во јунскиот уписен рок.
Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 20 јуни. Квалификациското тестирање ќе се организира на 22 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени на 25 јуни.
Второто пријавување и запишување на учениците во јуни ќе се врши на 28-ми, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени наредниот ден, 29 јуни.
Според конкурсот кој МОН го објави во март, учениците може да изберат гимназиско образование, стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.
Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 23 август.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
