Полицијата со посебни мерки за време на велигденските празници

Косовската полиција ќе ги обезбедува сите цркви на Косово 24 часа дневно за време на велигденските празници.
Медиумите во Приштина пренесуваат дека безбедносните органи на Косово се „вознемирени од заканите со терористички напади“.
Наместо осум, полициските службеници во Косово ќе работат по 12 часа, а на сите полицајци им е прекинат годишниот одмор и повикани се да се вратат на работа. Тоа го потврди и заменикот министер за внатрешни работи на Косово, Милан Радојевиќ.
Медиумите во Приштина јавуваат дека во минатото воглавно била обезбедувана катедралата Мајка Тереза во Приштина, но ова е првпат црковни објекти на Косово да бидат под полициска заштита 24 часа.
Амбасадата на САД во Приштина им порачаа на своите граѓани „да држат висок степен на внимателност и преземат соодветни чекори за подобрување на личната безбедност“.
– Терористи во регионот претходно напаѓаа лесни цели, меѓу кои и цркви, пешачки центри,спортски арени, концертни сали и јавни собири, нагласуваат од Амбасадата.
Приштинските медиуми јавија синоќа дека безбедносните органи на Косово се „вознемирени од заканите за терористички напади“ пред Велигден.
Сепак, досега полицијата не објави конкретни податоци за можни закани.
Премиерот на Косово вчера одржа состанок со Советот за безбедност на кој се разговарало „за безбедносната ситуација во државата и акциите што ги преземаат институциите на Косово за да се заштити уставниот поредок на државата“.
И полицијата во Албанија исто така засили безбедносни мерки за време на претстојните велигденски празници.
- Дополнителни полициски сили ќе бидат распоредени пред цркви, на улиците и граничните премини за да се спречат криминални и терористички акции, се вели во полициски соопштение. Нема информации зошто бебзедносните мерки се заострени ниту дали имало каквибило закани
Ново на Сител
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
