-->
-->
„Политичарот“ Гвардиола ќе се бори за самостојна Каталонија
-->

Жозеп Гвадриола, легендата на каталонската гордост фудбалскиот клуб Барселона, а сега тренер на германскиот шампион Баерн Минхен ќе биде истакнат на изборната листа за септемвриските локални избори на партии кои се залагаат за независност на оваа јужна шпанска покраина.
Поранешниот фудбалер и тренер на Барселона ќе биде на заедничката листа на конзервативната партија Демократска унија на Каталонија (Convergencia Democratica de Catalunya) на каталонскиот претседател Артур Мас и левичарската партија Левата републиканска партија на Каталонија (Esquerra Republicana de Catalunya).
Според пишувањето на влијателниот шпански дневен весник El Pais, 44-годиниот Пеп Гвардиола е последен на листата, па нема реални шанси да влезе во каталонскиот парламент, а тоа и не му била намерата, туку со политичкото ангажирање да го помогне процесот на независност на Каталонија.
Артур Мас минатата година, по примерот на референдумот во Шкотска за независност од Велика Британија, излезе со исто барање во Шпанија, што инаку е вековно барање на Каталонците коишто имаат посебен етнички идентитет од Шпанците. Меѓутоа мнозинството на владејачката Народна партија на шпанскиот премиер Маријано Рахој,како и опозициските социјалисти тоа го одбија, истакнувајќи дека според Уставот од 1978 година, дозволени се само референдуми кои ја вклучуваат целата територија на Шпанија.
Потоа Мас во ноември 2014 година организираше неформален референдум на кој повеќето Каталонци се изјаснија за самостојност. Гвардиола тогаш допатува од Минхен за да гласа, а и претходно учествуваше во активностите за самостојност на Каталонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови снимки: Стојанче среде судски комплекс ја тепа Ивана, полицијата на два пати доаѓа и си оди
-

РКЕ: Завршува грејната сезона
-

Мицкоски: Состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета, цените ќе останат исти или ќе бидат намалени
-

Утре променливо облачно време со дожд, стабилизација за викендот
-

Мицкоски: Зголемувањето на цените на производите во малопродажните објекти е околу 0,4 проценти, цената на лебот не е зголемена
-

ФТ: Иран наводно користел кинески сателит за надзор на американските воени бази
-

„Support Kocani“ обезбеди медицински креми за настраданите во пожарот во „Пулс“ во вредност од над еден милион денари
-

Мицкоски: Важна инвестиција, нов почеток - 100 нови возила за Пошта
