Половина милион луѓе без работа во Австрија

Кризата како резултат на коронавирусот продолжува да го погодува пазарот на трудот во Австрија, каде што во ноември биле невработени 457.970 лица, а дури четвртина се појавиле од ноември минатата година.
Министерството за труд соопшти дека во споредба со октомври, во ноември има зголемување од 33.447 нови невработени. Во исто време, бројот на слободни работни места е намален во споредба со претходниот месец за повеќе од 6.000 – на 58.243.
Исто така, голем број луѓе, 276.370, се пријавени на скратено работно време. За само една недела, бројот на регистрирани лица за работа со скратено работно време се зголемил за околу 57.000.
Службата за вработување (АМС) апелираше до работодавачите да ги користат мерките за помош на австриската влада и да не ги отпуштаат своите вработени.
Според националната дефиниција, стапката на невработеност во моментов е 9,5 проценти и е зголемена за 2,1 процент во однос на ноември минатата година.
Ново на Сител
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
