Македонија
15. January 2016 - 13:02

Пониски продажните цени на индустриските производители

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0,3 отсто на месечно ниво, а за 6,3 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во ноември 2015, во споредба со октомври 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3,7 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,1 отсто.

Во ноември 2015, во споредба со ноември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 14,4 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 5,3 отсто.