Поплавен дел од Мала Речица
По поплавувањето на голем дел на селата во општина Јегуновце денеска поплавен е и дел од Мала Речица.
Надојдената вода од вчерашните дождови го поплави горниот дел на Мала Речица по што беше оштетен патот во селото, а поплавена е и улицата „172“ и затнати се сите канали за атмосферска канализација во ово место.
Селаните тврдат дека општината нема интервенирано ништо од пред три години и бараат брза реакција бидејќи топењето на снегот ги става во ризик нивните куќи.
Надојдената вода оштети и голем дел од нивите кои по повлекувањето на водата останаа со кал и камења.
Од друга страна, Исен Демири од општина Тетово изјави дека она што можеле да го направат како општина е да го регулираат каналот за секојдневни води и оти немаат капацитет сами да се справат со поплавите.
- За целосно регулирање на проблемот со водите од поплавите постои Акционен план од страна на Владата и жителите ќе мораат да чекаат за реализација на тој план. Општината нема капацитет да се справи сама со поплавите, изјави Демири.
Дождот предизвика и лизгање на земјиштето на патот Тетово – Бања во делот на Горна Чаршија поради што на поголемиот дел од патот сообраќајот се одвива по една лента.
Ново на Сител
-
Минималецот ќе се зголеми за 2.000, синдикатот не верува дека ќе се исполни нивното барање
-
СДСМ и ДУИ обвинуваат дека Меџити го злоупотребил законот, Мицкоски им врати – доставете докази
-
Реконструкции во здравствениот сектор – нов лик на ГОБ ,,8-ми Септември" и карил
-
МОН прави чистка во научно образовните установи – затворен уште еден институт од Скопје
-
Перински во Чаир: Владата стои зад општините
-
УГД ќе гради нова зграда за факултетот по медицински науки
-
Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари
-
Карневалски подготовки во Струмица