Попоски разговараше со Штајнмаер за политичката криза

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска во Брисел имал средба со германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер. МНР на Германија на твитеробјави дека Штајнмаер и Попоски размениле мислења за политичката криза во Македонија.
Повеќе детали за разговорите не се објавени, а соопштение за средбата засега нема ниту од прес-службата на германското МНР.
Средбата Попоски - Штајнмаер коинцидира со посетата на специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл на Македонија. Во отсуство на изјава за медиуми од Хајндл, синоќа со соопштение се огласи германското Министерство за надворешни работи.
- Ја поздравуваме одлуката на македонскиот Парламент за повторно одложување на парламентарните избори кои беа закажани на 5 јуни. Ова ќе им даде шанса на партиите да го поправат загрижувачкиот развој на настаните во изминатите месеци и да ја вратат земјата назад на европскиот пат. Одложувањето на изборите мора да биде придружено со кредибилен реформски процес. Партиите имаат одговорност да ги спроведат неопходните услови и да обезбедат дека изборите ќе бидат според меѓународните стандарди, се наведува во соопштението од германското МНР.
Берлин, исто така, порачува дека е важно итно да се повлече одлуката за амнестија на голем број политичари донесена во април.
- Обвинувањата за злоупотреба на моќта мора да бидат истражени со цел да се врати довербата на граѓаните на Македонија во демократските институции на државата. Специјалниот обвинител мора да ја продолжи својата работа без никакви попречувања, се наведува во соопштението.
Притоа се посочува дека германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл е во Македонија на нова рунда разговори со партиските и државните претставници со цел да даде поддршка на тој процес што се води во тесна соработка со ЕУ и САД.
Ново на Сител
-

Трамп: Иран се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма
-

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право
-

Зеленски: Безбедносните гаранции се клучни за завршување на војната
-

Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна, нема индиции за ризици
-

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес
-

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, жртвите сè повеќе се охрабруваат, следуваат итни законски измени
-

Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност!
-

Се снимале како упатуваат закани кон министерот Тошковски, кривична за четворица битолчани
