Попуст за студенти за курсеви по компјутери, маркетинг и дизајн
Студентите во четирите студенски домови во Скопје ќе имаат попуст за обуки и курсеви од областа на компјутерската технологија, маркетингот, дизајнот и бизнисот.
Од Државниот студенски дом – Скопје денеска информираа дека со потпишување на меморандум за соработка со четирите академии за неформално образование „Семос“, „Сивус Едукативен и Развоен Центар“ (СЕДЦ), „Брејнстер“ и „Креатив Хаб“ обезбедени се до 30 проценти попуст.
– Наша заложба како институција е секогаш кога можеме да им овозможиме на студентите дополнителни придобивки и се стремиме тоа да биде тоа во насока на нивна едукација и професионална надградба, вели Дарио Николовски, директор на Државниот студентски дом.
Повеќе информации може да се најдат на линкот https://dsdskopje.mk/
Во академиите „Семос“ и „Сеавус“, студентите можат да посетуваат обуки и курсеви за програмирање, дизајн, компјутерски мрежи и тестирање на софтвер, а „Брејнстер“ овозможува стекнување на практични вештини при организирање курсеви, академии, кариерна трансформација и поврзување на талентите со иновативните компании oд областа на маркетинг, дизајн, бизнис и програмирање. Во „Креатив Хаб“ студентите ќе имаат можност да се стекнат со вештини од областа на маркетингот и односи со јавност, графички дизајн, веб дизајн, човечки ресурси итн.
Ново на Сител
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа
-
На министерката за енергетика и е прифатено барањето за откажување од бугарското државјанство
-
Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци
-
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се посвети на политичката кариера
-
Газдите бараат градежните работници да работат и недела и празници, а се жалат дека нема кадар
-
Незадоволство од одлуката на Уставен суд
-
Укинати економските директори во здравството
-
Салите кои беа поплавени во ГОБ 8-ми Септември уште не се во функција