Поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит ќе биде погребан на 23 ноември

Поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит, кој почина во вторникот, на 96-годишна возраст, на 23 ноември ќе биде погребан со државни почести во неговиот роден град Хамбург, соопшти Министерството за внатрешни работи, цитирано од француските медиуми.
Поранешниот социјалдемократски лидер, кој беше канцелар од 1974 до 1982 година, до последните неколку месеци беше активен учесник во политичката дебата, коментирајќи ја грчката криза или конфликтот во Украина.
Шмит почина во својот дом, откако во август и септември лежеше во болница.
По повод неговиот 95-ти роденден. во декември 2013 година, во анкета на списанието „Штерн“ Хелмут Шмит беше оценет како најзначајниот германски канцелар во периодот по Втората светска војна, добивајќи 25 проценти од гласовите, пред Конрад Аденауер (23 проценти), Вили Брант (18 проценти) и Хелмут Кол (17 проценти).
Хелмут Шмит и тогашниот француски претседател Валери Жискар д'Естен го заживеаја француско-германското пријателство и проектот за европска интеграција. Нивната работа, по нафтениот шок, доведе до европскиот монетарен систем.
Германската канцеларка Ангела Меркел во вторникот го нарече Хелмут Шмит „политичка институција“ на Германија, истакнувајќи ја неговата „лична смиреност и неговиот природен авторитет“, а францускиот претседател Франсоа Оланд го оцени како „голем Европеец“.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
