Посебен сообраќаен режим во Скопје поради симулациска вежба „Хуманитарен одговор 2023“
Министерството за внатрешни работи информира јавноста дека поради симулациска вежба во итна ситуација – земјотрес, насловена „Хуманитарен одговор 2023“, која во организација на Црвен крст на РСМ и под покровителство на Претседателот на државата ќе се одржи во Градски парк Скопје денеска од 9 до 14 часот ќе бидат затворени за сообраќај неколку булевари.
За сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“ од крстосница со бул. „Св. Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, во продолжение ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети)“, ул.„Ристо Шишков“ од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ до крстосница со ул.„Ленинова“, сообраќајниците околу Градски стадион „Тодор Проески“ и бул.„8 Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во хотел „Александар палас“.
- Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, информираат од МВР.
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години