Поскапуваат бензините, дизелот поевтинува за половина денар
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за денар, а за половина денар ЕУРОСУПЕР БС-98. За половина денар, пак, поевтинува дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 е 50,50 денари по литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 52,50 денари. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 42 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 31 денар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС ќе изнесува 16,144 денари по килограм.
Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,26 проценти во однос на утврдените цените на 27 април годинава.
Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените се референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот.
– Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 8,197 проценти, кај дизелот има намалување во просек за околу 3,342 проценти, кај екстра лесното масло има зголемување во просек за околу 2,615 посто и кај мазутот се регистрира намалување во просек за околу 8,932 отсто, соопшти РКЕ.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата