Последни две недели од мандатот на владата на Ковачевски
Месецов треба да ни донесе нова техничка Влада а кабинетот на премиерот Ковачевски влегува во последните две недели од својот мандат. Сепак, и новата Влада на Џафери нема да донесе нешто многу нови имиња имајќи предвид дека СДСМ веќе најави дека и во техничката влада ќе оди со истите имиња, а истото се очекува и од ДУИ. Мицкоски вчера во интервју рече дека своите двајца министри како и замениците ВМРО-ДПМНЕ ќе ги официјализира по Водици, односно недела дена пред гласањето кое се очекува пред крајот на јануари.
Голема е веројатноста еден од нив да биде Наќе Чулев кој и претходно беше технички министер за внатрешни работи.
Во меѓувреме се уште тече процесот на групирање во пресрет на изборите. Официјална во моментов е само коалицијата во албанскиот опозициски блок, а извесен е и составот на коалицијата со која што ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ. Она што не се знае е како ќе се постават владејачките партии. СДСМ се труди да направи договор со ДУИ и Алијанса но до овој момент се уште нема информации за заеднички настап на изборите. Можно е ДУИ и Алијанса да бидат заедно а СДСМ да остане со ЛДП, ДОМ и НСДП.
Во претседателската трка исто така нема нови моменти. Стево Пендаровски се чини како најсериозен кандидат на владејачкиот блок, додека во опозицискиот веројатно ќе се избира меѓу професорите Силјановска и Спасеновски. Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 8ми мај, заедно со парламентарните.
Ново на Сител
-
Поплавени домови во Волково
-
Без струја повеќе места во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар и Радовиш
-
ЦУК: Поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрва, прекини на струја и интернет
-
Возете внимателно во дебарскиот регион, има одрони
-
Мицкоски: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
ЦУК: Интензивен пороен дожд и грмежи во Тетово и Скопје
-
Спасен повреден странски турист во Охрид кој паднал во тешко пристапен терен
-
Главчев: Ќе ги потсетам европските лидери кои се условите за прием на Северна Македонија во ЕУ