Поставен камен темелник за изградба на спортска сала во Лескоец
Премиерот Христијан Мицкоски, придружван од министрите за транспорт и за спорт Александа Николоски и Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков денеска во селото Лескоец поставија камен темелник за иградба на спортска сала во склоп на основното училиште „Ванчо Николески“.
Објектот ќе биде со површина од 592 метри кивадратни, со повеќенаменско спортско игралиште, тоалети и соблекувални. Инвестиција вредна 30 милиони денари.
- Ќе значи подобри услови за работа и за растење на дечињата, кои го поминуваат првиот образовен дел од својот живот во ова основно училиште. Горд сум и среќен што сум дел од овој почеток за изградба на оваа спртска сала, истакна Мицкоски.
Во рамките на посетата на Охрид, тој изврши увид на реконстуираната улица „7-ми Ноември“, отпочна изградба на детско повеќенаменско спортско игралиште во населбата Видобишта, како и увид во затворениот пливачки базен, кој е во градба повеќе години.
- Градоначалникот има прилично амбициозна агенда, дел од проектите се веќе во процес. Реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“, инвестиција од околу 43 милиони денари, плус повеќенаменско игралиште...., заедно со училиштето што се работи е еден навистина импозантен инвестициски циклус, забележа премиерот.
Со ребалансот потсети дека дополнително ќе бидат предвидени средства за општините и за нови проекти за до крајот на оваа година.
- Од Општина Охрид се подготвени проекти за следната година. Тоа што со децении не било работено овде во Охрид и низ Македонија, ќе биде сработено сега. Ќе продолжиме и понатаму. Работиме, даваме се од себе, состојбата која ја наследивме, да не биде како изговор, е алармантна, многу лоша. Но, не треба да се жалиме тоа е што е. Проблемите се тука и за проблемите треба да се нудат решенија и треба да се решаваат, нагласи Мицкоски.
За градоначалникот Пецаков задоволство е што после 30 години ветување ќе излезе на виделина проектот за изградба на спортска сала и оти Лескоец во иднина ќе добие модерен спортски комплекс, најавувајќи дека на постоечката ќе се надоградат уште неколку инвестиции.
- Почнуваме со спортска сала каде не само учениците, туку и жителите ќе можат да уживаат и да се рекреираат. Втората работа е отпочнување на еден значаен суштински проект тоа е мултифункционалното повеќенаменско игралиште во населбата Видобишта, кое беше и дел од мојата програма, истакна Пецаков.
Покрај официјалнотн пуштање во употреба на улицата „7-ми Ноември“, најави дека од септември ќе почне реконструкција на кружнинот тек на завршетокот од оваа улица.
- Ќе добиеме една комплетно реконструирана сообраќајница, на претходно веќе реконструираната улица „15-ти Корпус“, кружниот тек и улицата „7-ми Номеври“, а во нарачка е проектот за реконструкција на патот од Лескоец до Косел, да добиеме модерен влез во Охрид од страната на Битола, рече Пецаков.
Истакна и дека со министерот за спорт Ристовски ќе побараат начин за доизградба на затворениот пливачки базен.
- Ние како град сме спремни во една заедничка соработка да ја продолжиме изградбата на овој објект и Охрид конечно да добие затворен базен, нешто што граѓаните од самото осамостојување па се до денес го посакуваат, подвлече Пецаков.
Ново на Сител
-
Кавадарчанка пријавила дека сограѓанин им го попречил патот со ,,југо" и им се заканувал со остар предмет
-
Ахмети - РОКАС: Само предвремени избори се излез од неизвесната политичка состојба
-
Песков не ја исклучи можноста Путин да разговара со Трамп пред неговата инаугурација
-
Македонскиот јазик во наставната програма на постдипломските студии на Факултетот за странски јазици во Тирана
-
Изгаснат пожарот во депото на „Македонски железници-Транспорт“, скопските пожарникари интервенирале и на друг поголем пожар
-
Спасен давеник кој паднал од чамец во Дојранско езеро
-
Формиран Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам
-
Пронајдена златна маска на приватен имот во Охрид | ФОТО