Постигнат договор за платите во ЈСП, автобусите почнуваат да сообраќаат
Постигнат е договор за платите на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие и автобусите на ЈСП веќе ќе почнат да сообраќаат, потврди за МИА претседателот на синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски.
– Трансферот на пари е направен. Платата ќе биде поделена утре. Автобусите почнуваат да собраќаат, изјави Стојановски за МИА.
Информацијата им е пренесена од градоначалничката на Град Скопје со која имале средба пред половина час.
И од Град Скопје преку соопштение потврдија дека е изнајдено решение. Го повикаа менаџментот на претпријатието да си даден оставка и ги повикаа Владата и општините во најкус можен рок да ги исплатат долговите кон ЈСП.
– ЈСП продолжува со нормалното функционирање, откако градот Скопје изнајде решение за вештачки предизвиканата криза во претпријатието. Повикуваме, менаџментот на претпријатието во ликот на Управниот одбор на истото веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради несоодветно менаџирање со претпријатието, поттикнување и предизвикување на хаос. Платите за ЈСП се обезбедени. Во меѓувреме остануваме на барањето, Владата и општините во најкус можен рок да ги исплатат насобраните милионски долгови, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија