Потпишан меморандум за соработка меѓу општина Центар и НЕКСУС

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ и претседателката на НЕКСУС – Граѓански Концепт Афродита Муслиу денеска потпишаа Меморандум за соработка, во насока на воспоставување конструктивна комуникација меѓу граѓаните и општината.
Најавена е електронска платформа prijavi.mk / raporto.mk, која ќе биде во вид на донација, со цел да се овозможи ангажирање на граѓаните на Центар во подобрување на јавните услуги во нивните населби.
НЕКСУС, како што информираат од општина Центар, се обврзува да ја изгради, промовира и одржува платформата на политичко непристрасен начин, која ќе им послужи како медиум на граѓаните на Центар каде ќе ги пријавуваат проблемите со јавните услуги во нивните населби и ќе ги информира општинските службеници на непосреден и соодветен начин за пријавите на граѓаните во рамки на платформата.
Ќе овозможи дигитална карта на општина Центар која ќе ги прецизира пријавите и жалби и точната локација на оваа дигитална карта.
Општината Центар, како што информираат, ќе вложи напори за навремено решавање на пријавите и жалбите од граѓаните, според временските и буџетските можности, ќе ги стави на располагање општинските ресурси со кои располага, со цел да одговори на барањата на администраторот на платформата, за состојбата со поднесените пријави и жалби преку платформата, ќе определи општински службеник за прием и процесиурање на пријавите кон релевантната јавна установа, и воедно да одржува контакт со НЕСКУС – Граѓански Концепт за реализирање на оваа иницијатива;
Платформата е дел од Проектот „Граѓаните за општината: Работиме заедно за транспарентност и одговорност“, имплементиран од НЕКСУС – Граѓански Концепт, и делумно поддржан со грант од Амбасадата на САД во Скопје.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
-

Почна изградбата на автопатот од Букојчани до Кичево, ќе биде готов за 4 години
-

СДСМ: Анкетите на Мицкоски го кријат растот на рејтингот на СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Филипче е 3%
-

МВР во акцијата на Интерпол „Тригер Икс“ заплени оружје, муниција, бомби
-

ВРЕДИ: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност
-

Над 350 документи и услуги достапни преку центрите за услуги
