Потпишување Меморандум за спроведување пет проекти за животна средина и климатски акции
Меморандум за спроведување на Рамковната спогодба меѓу македонската Влада и Комисијата на Европските заедници за постапките за спроведување на финансиската помош од Унијата за Република Македонија во рамките на спроведувањето на помошта според инструментот за претпристапна помош (ИПА II) ќе биде потпишан во Куманово.
Меморандумот, кој има за цел да воспостави формална договорна основа за успешно спроведување на пет проекти планирани во рамките на повеќегодишната Секторска оперативна програма за животна средина и климатски акции за ИПА II (2014-2020), ќе го потпишат министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и градоначалникот на општина Куманово и претседател на Североисточниот плански регион Зоран Дамјановски
Овие проекти, како што инфомираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе опфатат набавка на опрема за собирање и транспорт на отпад во Северо-источниот регион, затворање на непрописните диви депонии/ѓубришта во Северо-источниот регион и инвестициски проект–изградба на централна депонија за Источниот и Северо-источниот регион.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис