Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
Соборниот храм св. Климент Охридски во Скопје беше преполн со верници. По светата литургија, православните христијани се причестија, запалија свеќи за здравје и со поздравот Христос се роди, Вистина се роди си го честитаа Христовото раѓање, еден од најголемите христијански празници, Божиќ.
Во традиционалното Божиќно послание, архиепископот охридски И македонски г.г. Стефан повика на духовно единство, мир и љубов.
Верниците со скромни желби, оние најважните- да имаат здравје и да владее мир и среќа кај нив и нивните блиски.
Кај и да си пред Божиќ и за Божиќ дома да си, за некој домот е каде се најблиските, за некој родното место, па денеска сите заедно го слават Христовото раѓање. Денеска заврши и 40 дневниот божиќен пост, па на трпезата се служи мрсна храна во кругот на семејството, пријателите и блиските.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар