-->
-->
Прегазен пешак во Кочани, возачот избегал
-->
Вчера во 16.00 часот од Јавната здравствена установа - Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека на 21.06.2021 околу 19.30 часот, на крстосница од ул.„Страшо Ербапче“ и ул.„Роза Петрова“, патничко возило „рено“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(31) од Кочани удрило во пешакот Д.И.(51) од Кочани и го напуштило местото на незгодата, информираат од МВР.
Во незгодата Д.И. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар на 29.06.2021, кога таа се јавила на лекарски преглед.
Извршен бил увид на местото на незгодата од Полициската станица Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари