Премиерот Ковачевски ќе бара поништување на државјанството на Онишченко
– Премиерот Димитар Ковачевски на следната владина седница ќе побара да се почне постапка за поништување на државјанството на Олександар Онишченко.
-На наредната Влада јас ќе побарам статус во однос на активностите што треба да ги преземат институциите со цел поништување на државјанството издадено од страна на нашата држава и исто така ќе следуваат и одредени други активности во наредниот период, рече премиерот Ковачевски на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.
Прашан за тоа дека нема реакција на институциите во однос на сообраќајниот прекршок на син на заменик министерот за внатрешни работи, Ковачевски побара новинарите да се држат до информациите што ги сподели МВР.
-Ниту еден човек без разлика чиј син е не може да биде санкциониран различно од кој било друг граѓанин во држата, така што и министерот кажа дека се работело за приватно возило коешто го управувало одредено лице и кое ќе биде третирано согласно одредбите на Законот за сообраќај, рече Ковачевски, на прес-конференцијата во Владата.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
