-->
-->
Премиерот Ковачевски ќе го пречека канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц
-->
Ве известуваме дека на 11 јуни 2022 година (сабота) претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ќе го пречека канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц, кој ќе пристигне во еднодневна официјална посета на нашата земја.
Според агендата за посетата, официјалниот пречек на платото пред Владата е во 8:30 часот, а потоа следува билатерален состанок на двете делегации.
Програмата за посетата предвидува и заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц во 9:45 часот со формат за новинарски прашања 2+2.
Заинтересираните медиумски претставници за следење на официјалниот пречек и на заедничката прес-конференција треба да се акредитираат на следниот линк https://forms.gle/ 352YdoSEZiEfCnWV7 најдоцна до 9 јуни 2022 година (четврток) до 10:00 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ предлага минималец од 450 евра, ВМРО-ДПМНЕ најде грешки во пресметката, реагираше и ССМ
-
Единствен регионален пазар – придобивки и предизвици
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари
-
Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово
-
Неевидентирани лица од други општини сакаат да добијат бесплатен кров над глава во Штип
-
Расте бројот на ученици во стручното образование
-
Преглед на вестите од светот