Премиерот Заев се сретна со иранскиот амбасадор Карими
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Исламска Република Иран Хоссеин Карими.
Амбасадорот Карими во име на претседателот на Иран Хасан Рохани, пренесе честитки до премиерот Заев за стапувањето на должност претседател на Владата на Република Македонија, за мирната разврска на политичката криза и за новата реформска Влада што ја доби Република Македонија.
Како што информираат од кабинетот на премиерот, на средбата било оценето дека по изборот на новата Влада постои поттик на нови програмски решенија, со позитивни идеи и позитивна енергија, што можат да ја придвижат земјата напред, во интерес на граѓаните на Македонија и коишто отвораат можности за продлабочување на соработката со Иран.
- Владата е определена низ инклузивни политики да овозможи економска стабилизација на државата и реализација на стратешките цели на земјата, членство во ЕУ и НАТО. Исто така, Владата е ориентирана кон добрососедски односи во регионот и развој на мегународната соработка, со цел отворање можности за соработка во области значајни за граѓаните, рече Заев.
На средбата се потенцирани како вредност политиките на новата Влада за едно општество на сите граѓани, кои ги зближија граѓаните во решавањето на нивните проблеми и потреби и кои се порака во светски рамки дека различностите по која било основа, можат да бидат предност за една земја, доколку за тоа постои искрена политичка волја.
На состанокот, исто така, било разговарано и за создавање можности за поефикасна економска соработка, како и соработка на полето на туризмот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожар во Струга
-
Неприфатливи се барањата на компаниите за зголемување на цената на струјата
-
РЕК Битола: Стожерот на македонската енергетика исправен пред бројни предизвици
-
Обвинителството уште го чека обдукцискиот наод за 14 месечното бебе кое почина на Детска
-
Пациентите со ХИВ стравуваат дека ќе останат без терапија
-
Инфлацијата забавува, каматите паѓаат, економијата заздравува
-
Moнтеко: Совршени вина од лозови насади на 600 метри надморска височина во Кратовскиот регион