Препад и уништување на терористички камп, спасување заложник, вежба на армискиот полигон Криволак
– Препад и уништување терористички камп, спасување заложник, патролирање и заседа, беа дел од активностите кои денеска ги реализираа учесниците на теренската вежба „Есенска бура“. Припадниците на АРМ и МВР, покажаа како со координиран настап се справува со сите безбедносни предизвици.
Вежбата „Есенска Бура“ се реализира од 8 ноември до 13 ноември 2018 година, а приказ од изведените активности беше организиран на денот за високи гости.
На вежбата, која е прва ваква интерагенциска и интеринституционална, учествуваа околу 400 припадници од сите единици, од кои 30 од ДЗС, двајца од ЦУК, 50 од МВР и 318 припадници на АРМ.
Цел на вежбата е унапредување на интероперабилноста и кризниот менаџмент како одговор на модерните закани. Воедно со вежбата се врши тестирање на борбената готовност на единиците, подготвеноста за експедициски мисии и кризен менаџмент.
На вежбата учествуваа припадници од „Волците“ и „Ренџерите“ на АРМ заедно со „Тигрите“ и „Единицата за брзо распоредување“ на МВР, поддржани од воздухопловната и други состави од Здружената Оперативна Команда (вод на воената полиција и чета од 1.механизирана пешадиска бригада), како и учество на Дирекцијата за Заштита и Спасување и Центарот за Управување со Кризи.
Честитајќи им за успешната вежба, министерката Радмила Шеќеринска рече дека соработката помеѓу сите овие успешни субјекти е многу важна.
-Мило ми е што како со учеството во мировни операции во странство, така и со овие вежби дома, покажуваме дека имаме армија со која Македонија може да се гордее, рече министерката.
Таа се осврна на второто освоено место во Англија на македонската ренџерска екипа и успехот на снајперистите во Кина кои исто така освоија сребро.
Нагласи дека армијата е институција во која вреди да се продолжи да се инвестира. Две години по ред се зголемуваат средствата за армијата. Најави дополнително зголемување на платите за припадниците на Армијата, но, зголемување и за вработените во Министерството за одбрана. Резултатите нема да изостанат, рече, кога се знаат приоритетите.
Задоволство од вежбата изрази и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. И тој се осврна на зголемување на буџетите и платите во министерствата за одбрана и внатрешни работи
Ново на Сител
-

СДСМ: 18 месеци нема правда за Кочани затоа што судството под контрола на Мицкоски ги штити своите
-

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудството ја ставаат правдата во втор план
-

Mатични лекари – да прекине праксата издавање на боледување по телефон
-

Пензионерите ќе можат да си докупат стаж за да имаат право на пензија
-

Владата подготвува можност за откуп на стаж
-

Сали: Се прават напори за усвојување на Изборниот законик
-

Купувајте домашно од мали земјоделски стопанства, не индустриски производи со сомнителен увозен квалитет
-

Околу 1300 интервенции на спасителите на вода ова лето

