Пресушија изворите во кочанското село Рајчани
Изворите во кочанското село Рајчани целосно пресушија поради високите температури и долготрајната суша. Состојбата со немањето вода за домаќинствата и за напојување на добитокот е алармантна, велат жителите.
- Ситуацијата ја спасува Противпожарната единица од Кочани која со цистерни ги снабдува населението и добитокот, но и тоа се ограничени количини. На над 300 грла крупен и ситен добиток им е потребна вода за опстанок, изјави претстедателот на Месната заедница Љубен Тасев,.
Според него, со години наназад на жителите од ова планинско село во Осоговијата кои се главно сточари, им се ветува дека ќе добијат вода од нов водовод, но досега ништо конкретно не е направено.
- Доколку се реши проблемот со водоснабдувањето и се зафатат неколкуте извори околу селото во резервоар, но и да се асфалтира патот од село Пантелеј со село Рајчани во должина од четири километри, може да се очекува дека голем број иселени жители кои го напуштиле селото, повторно ќе се вратат и ќе ги заживеат родните ниви и огништа, истакна Тасев, додавајќи дека во Рајчани има одлични услови за сточарство, овоштарство, пчеларство и други селско - стопански гранки.
Рајчани се наоѓа на границата меѓу општините Кочани и Пробиштип и до него е асфалтирана делница која го поврзува со селото Турско рудари во општина Пробиштип.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место