Претседателката Сиљановска-Давкова го прими специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска остварила средба со специјалниот претставник на Кралството Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен.
Како што информира Кабинетот на Сиљановска-Давкова, двајцата соговорници го поздравиле сојузништво во НАТО, а претседателката изразила благодарност за норвешката континуирана поддршка на македонските евроинтеграциски процеси.
-Таа уште еднаш истакна дека географски, историски и културно, отсекогаш сме биле дел од Европа и дека на нашето пристапување кон Унијата гледа како на реинтеграција. Потенцираше дека како држава сторивме многу, па дури и го сменивме државното и уставно име, укажа на неопходноста од почитување на волјата на граѓаните, како и на политичкото достоинство. Претседателката, исто така, упати на одредбите од договорот за ЕУ, Лисабонскиот договор, Повелбата за фундаменталните права, како и другите релевантни документи со кои се гарантираат националниот и културниот идентитет, како и еднаквоста на државите, се наведува во соопштението.
Потенцирајќи дека нашиот Устав гарантира сеопфатна заштита на малцинските права, претседателката Сиљановска-Давкова ја квалификувала билатерализацијата на процесот на пристапување кон Унијата „како опасен преседан што нема да остане осамен“.
-Претседателката ја изрази својата лична заинтересираност за норвешката литература, филозофија и уметност. За неа норвешката демократија е инспиративен политички систем. Оттука го нагласи задоволството што двете држави повеќе од три децении негуваат одлични билатерални односи, како и очекувањето дека соработката континуирано ќе се зајакнува и унапредува во сите сфери од заемен интерес, а особено во економската област, рефлектирајќи ги потенцијалите на двете држави, информира Кабинетот.
Специјалниот претставник Матисен на средбата истакнал дека и покрај тоа што Норвешка не е членка на ЕУ, целосно ги разбира нашите позиции.
-Тој дополнително подвлече дека денес, кога постојано се соочуваме со нови предизвици, посветеноста на принципите на меѓународното право и мултилатерализмот е поважно од кога било, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова.
Ново на Сител
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството