Претседателот Иванов во официјална посета на Египет
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од утре ќе престојува во официјална посета на Арапската Република Египет.
Иванов во Каиро ќе оствари средба со претседателот на Арапската Република Египет, Абдел Фатах Ал Сиси, а ќе се сретне и со претседателот на Парламентот Али Абдел-Ал, соопшти Кабинетот на претседателот Иванов.
Задутре Иванов ќе учествува на бизнис форум за презентација на инвестициските можности во Македонија и јакнење на економската соработка со Арапската Република Египет.Предвидено е претседателот Иванов да ја посети Александриската библиотека.
Во тек на посетата претседателот ќе биде придружуван од сопругата Маја, а во делегацијата е и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески.
Ова е прва официјална посета на претседател на Република Македонија на Арапската Република Египет.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?