Претседателот Иванов во работна посета на Азербејџан
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на 5. Глобален Баку форум, во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“.
Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, ќе се обрати на претседателската сесија на форумот на тема „Иднината на меѓународните односи: моќ и интереси“.
За време на работната посета, предвидено е претседателот Иванов да оствари билатерална средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, како и повеќе билатерални средби со учесниците на форумот.
На глобалниот форум ќе учествуваат над 100 актуелни и поранешни претседатели, премиери и министри, дипломати, голем број истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, универзитетски професори, како и претставници на Програмата за млади лидери на Глобалниот форум.
Меѓу останатите теми на дискусија на овогодинешнот форум се: иднината на Европа, улогата на Кина во меѓународните односи, односите меѓу Русија и Западот, предизвиците во справување со модерниот тероризам, дали екстремизмот и популизмот се најголема закана за безбедноста, иднината на трансатлантските односи, Алијанса меѓу Западот и муслиманските држави, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО
-
Директорот на ФБИ нареди големо прераспоредување на персоналот
-
МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство
-
Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје
-
УЈП: Крајниот рок за ДДВ-04 пријавите е 25 февруари, до вчера поднесени само 25 отсто од вкупниот број
-
Ватикан: Папата Франциск имаше мирна ноќ
-
САД, наспроти европската, ќе предложат резолуција на ОН за војната во Украина