Пријавен еден случај со отстрелана дива свиња, нема угинати свињи при извршениот пасивен мониторинг
Досега има само еден пријавен случај со отстрелана дива свиња откако пред две недели Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе решение со кое се одобрува острел на диви свињи како превентивна мерка против болеста „афричка чума“ која се појави во соседна Бугарија.
– Веќе има организирани отстрели на диви свињи. Досега имаме пријавено една отстрелана свиња, меѓутоа позитивно е тоа што ловциите излегоа на терен и при пасивниот моноторинг не забележаа угината свиња која би ја пријавиле за да може да земеме мостри и и да испитаме, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.
Отстрелот е организиран во источниот дел од државата, а има најави за поорганизирано ловење во текот на викендов, односно на 25 август.
Поради опасноста од болеста „африканска чума“ беше донесено решението со кое се одобри отстрел на дивите свињи во земјава.
– Целта е да се намали бројот на диви свињи со што би се минимизирале шансите за појава и ширење на болеста која е веќе присутна во Бугарија, изјави неодамна министерот за земјоделство Трајан Димковски.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
-
Путин: Не одбивме комуникација со Вашингтон, подготвени сме за разговори со Трамп
-
Инцидент во Нов Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка
-
Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за повредениот ученик
-
Земјотрес почувствуван во северозападна Македонија
-
Пожар во угостителски објект во Карпош
-
24-годишник силувал малолетничка во Валандовско
-
МНР ќе побара објаснување за протерувањето на македонската државјанка од Србија