Прилепчанец починал зад воланот па удрил во друг автомобил
Прилепчанец починал зад воланот по што предизвикал сообраќајна незгода.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи на 23.04.2021 во 15.40 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Јоска Јорданоски“, патничко возило „мицубуши колт“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(60) од Прилеп, удрило во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш. од Прилеп.
Во незгодата кај двете возила била причинета материјална штета, а од екипа на Итна медицинска помош била констатирана природна смрт кај возачот П.Н., кој според пријавеното имал здравствени проблеми.
Увид на местото извршиле екипа од ОВР Прилеп и Јавен обвинител и, по чија наредба телото на починатиот било предадено на семејството.
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима