-->
-->
Природен прираст од 673 лица во третиот квартал, за 12 проценти повеќе разводи
-->

Бројот на живородени деца во третиот квартал годинава изнесува 5 374 и во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7,4 проценти. Во третото тримесечје годинава имало 4 701 починато лице, за 2,2 проценти повеќе споредено со третиот квартал лани. Од вкупниот број починати, 14 се доенчиња, објави денеска Државниот завод за статистика.
Природниот прираст изнесува 673, односно за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во третиот квартал биле склучени 4 302 брака, за 0,2 процента помалку во однос на истиот период лани, но се регистрирани 355 разводи или за 12,2 процента повеќе споредено со јули, август и септември минатата година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Ново поглавје во јавната хигиена - специјализираните возила на ЈП „Комунална хигиена“ излегуваат на терен | ВИДЕО
-

Од бостан, пиперки и лозје заработивме 350.000 евра, продававме и во Горни Милановац – сведочеше мајката на судијата Ѓоко Ристов
-

Мајка на три сина сакала девојче, останала бремена со тројка – сите три бебиња се од машки пол
-

Муцунски во Софија за Коридорот 8 и нова шанса за деблокада на европскиот пат
-

43 години копале со раце: Извадиле речиси три тони дијаманти, а зад себе оставиле кратер длабок над 200 метри
-

МВР го пронајде и казни возачот кој блокираше сообраќај во центарот на Скопје
-

Денеска средба Муцунски - Петрова во Софија
-

Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир, но се сомневам дека ќе ја добијам
