-->
-->
Приведен бегалец од затвор осуден на седум години за сторено кривично дело „разбојништво“
-->
На 06.02.2025 во 21.30 часот на автопат А1 во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишиле од слобода З.В.(43) од Штип.
Тој бил осуден на затворска казна во траење од седум години и две месеци за сторено кривично дело „разбојништво“, а бил баран по потерница поради бегство од Казнено - поправната установа Затвор Штип. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Штип за доиздржување на две години и 5 месеци од казната.
-->
-->
-->