-->
-->
Приведен штипјанец за криумчарење на 43 мигранти
-->
На 14.08.2020 околу 12.00 часот на регионалниот пат Свети Николе - Куманово, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, но возилото не застанало. По кусо време возилото сопрело и возачот почнал да бега, но веднаш бил фатен од полициските службеници.
Станува збор за М.Ј.(28) од Штип, кој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, затоа што при преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти, меѓу кои имало и деца, и тоа од Сирија, Пакистан и Авганистан.
За настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба мигрантите се сместени во Транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија, а против М.Ј ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На министерката за енергетика и е прифатено барањето за откажување од бугарското државјанство
-
Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци
-
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се посвети на политичката кариера
-
Газдите бараат градежните работници да работат и недела и празници, а се жалат дека нема кадар
-
Незадоволство од одлуката на Уставен суд
-
Укинати економските директори во здравството
-
Салите кои беа поплавени во ГОБ 8-ми Септември уште не се во функција
-
Преглед на вестите од светот