-->
-->
Приведени двајца крадци во Кочани
-->
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Кочани ги лишиле од слобода М.К . (24) и Џ.К. (19), информира денеска МВР.
М.К. е приведен поради сомнение дека е извршител на тешка кражба на дрзок начин и тешка кражба во обид, затоа што на 20 април од жена одзел паричник, а на 22 април се обидел од оштетената да одземе мобилен телефон, но не успеал. Кај Џ.К. пак, при преглед била пронајдена украдена платежна картичка.
– Полициски службеници по добиена судска наредба извршиле претрес во домот на М.К. при што бил пронајден украдениот паричник. Покрај тоа, М.К. по добиена судска наредба бил спроведен во Затвор за издржување затворска казна. По комплетирање на случаите ќе следи соодветна кривична пријава, се додава во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
