Приведени двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР - Штип

Двајца возачи, кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР - Штип, во текот на денов биле лишени од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во одделни случаи, во Штип и во Пробиштип, лишени од слобода биле Д.Ј., на возраст од 35 години од Штип и 45-годишниот С.Г. од село Соколарси, општина Чешиново - Облешево.
- Во првиот случај, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека лицето е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта, по што веднаш било исклучено од сообраќај и задржано во полициска станица. Во вториот случај, исто така при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кочански регистарски ознаки, што го управувал С.Г., за кого било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, се појаснува во соопштението на МВР.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
